Русија најавува „вселенски туризам“ за 10 до 15 години

За 10 до 15 години на Меѓународната вселенска станица (МВС) би можеле да бидат поставени дополнителни модули за сместување на туристи, најави првиот човек на руската вселсенска агенција Роскосмос, Игор Комаров.
Според Комаров, МВС има капацитет да биде проширена со сегменти во кои би биле сместувани „вселенски туристи“.
- Верувам дека во наредните 10 до 15 години изгледот на МВС во голема мера ќе биде променет. Ако има побарувачка, би можеле да се додадат посебни делови наменети на вселенски туристи, изјави Комаров за Раша Тудеј.
Меѓународната вселенска станица, лансирана во 1998 година, се состои од различни модули и во нејзиното функционирање заедно учествуваат, Русија, САД, Канада, Јапонија, како и Европската вселенска агенција.
Комаров, исто така, изрази надеж дека во наредните 15 години ќе дојде до поправка на апаратите во орбитата, кои се доставени од Земјата, вклучувајќи ги и орбиталните и товарните возила.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
