Русија најави суспензија на договорот за жито, додколку не се исполнат нејзините барања

Русија сигнализираше дека доколку не се исполнат барањата за подобрување на нејзиниот извоз на жито и вештачки ѓубрива, таа нема да го продолжи договорот по 17 јули кој дозволува безбеден воен извоз на истите производи од пристаништата во три украински региони на Црното Море, пишува Хина.
Русија ја упати истата закана и барања во март, само што минатата недела се согласи да го обнови за 60 дена црноморскиот пакт за извоз. Договорот со Русија и Украина го посредуваа ОН и Турција во обид да ја ублажат глобалната криза влошена со инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.
Од март, Русија даде приоритет на две конкретни барања – рестартирање на гасовод за транспорт на руски амонијак до украинското црноморско пристаниште Пивденњи за извоз на глобалните пазари и повторно поврзување на руската земјоделска банка, позната како Роселхозбанк, со меѓународната платежна мрежа SWIFT.
„Доколку Роселхозбанк не биде поврзана со SWIFT и нема напредок во спроведувањето на другите „системски“ проблеми што го блокираат нашиот земјоделски извоз, тогаш „Црноморската иницијатива“ исто така ќе мора да бара алтернативи“, соопшти вчера руското Министерство за надворешни работи.
Како алтернатива предложи да се извезува преку европските земји, додавајќи дека тоа е поскапо за Украина.
„Роселхозбанк“ беше отсечена од СВИФТ од ЕУ во јуни поради руската инвазија. Портпаролот на ЕУ рече дека не се размислува за враќање на руските банки во системот.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
