Русија може да ги замени дипломатите протерани од Берлин
Русија може да ги замени четворицата дипломати протерани од Берлин поради наводната вмешаност на Москва во труење на двојниот шпион Срегеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Германија.
- Ги прогласивме дипломатите за персона нон грата врз основа на член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи. Тоа нема влијание на бројноста на дипломатската мисија, изјави портпаролот Рајнер Бројл.
На новинарско прашање дали тоа значи дека Русија може да прати нови дипломати како замена, Бројл одговори со - „да“.
Досега 26 земји, меѓу кои САД и 18 членки на ЕУ, наредија протерување на повеќе од 120 руски дипломати по труењето на Сергеј Скрипал, за што Велика Британија ја обвини Москва.
Руски дипломати се протерани и од мисијата на НАТО, а САД најавија дека ќе го затворат рускиот конзулат во Сиетл.
Ново на Сител
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани