Русија лансира ракетен бомбардер: Новата верзија на суперсоничен авион носи двапати повеќе бомби
Руската војска планира во август оваа година на небо да го подигне најновиот суперсоничен бомбардер - носач на ракети Ту-22М3М, соопштила Казанската авионска фабрика.
Станува збор за модификација на авиони кои минале низ детален процес на модернизација.
Првата модификација на овој стратешки суперсоничен бомбардер со променлива геометрија на крилата Ту-22М е конструиран во Советскиот Сојуз и во моментов се користи во руското и индиското воздухопловство.
Сериското производство на овој авион почнало во 1971 година, десетина години подоцна на небото се појавила модернизирана верзија Ту-22М3, со продолжен нос и зголемени агли на крилата до 65 степени, што му овозможувало на авионот поголема максимална брзина.
Брзината на авионот се зголемила на 2.300 километри на час, а домет на 6.900 километри. Зголемена е и носивоства за 100%. Покрај проектили, авионот може да носи и нуклеарно вооружување.
.
Ново на Сител
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата
-
Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"