Русија ќе го бојкотира состанокот на ОН со ЕУ, тврдат дипломати
– Русија денеска ќе го бојкотира состанокот на Советот за безбедност на ОН со Политичкиот и безбедносен комитет на Европската Унија, што ќе биде ново влошување на односните меѓу Москва и партнерите од ОН, тврдат дипломати во изјава за западни медиуми.
Западен дипломат истакнува дека не помни Русија да бојкотирала состанок на Советот за безбедност, по инвазијата на Украина на 24 февруари.
Годишните неформални заеднички состаноци на Советот за безбедност со Политичкиот и безбедносен комитет не се одржуваа од 2019 година, поради пандемијата од коронавирусот.
На состанокот се очекува да се разговара за заедничка акција на ЕУ и ОН, во земјите каде што двете организации спроведуваат операции, како што се Босна, Централноафриканската Република и Мали.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица