Русија ќе бара извинување поради напис во „Њујорк дејли њуз“
Руското МНР ќе бара извинување од главниот уредник на Њујорк дејли њуз поради објавување напис во кој се оправдува убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов.
– Веднаш ќе упатиме порака до главниот уредник на весникот кој објавил таков русофобен напис, со кој се оправдува терористичкиот напад и ќе побараме негово извинување, изјави портпаролката на Министерството, Марија Захарова.
Таа потсети дека американскиот новинар и писател Герш Кунцман напишал во весникот дека „не рони солзи за Карлов“. Според него, нападот во Анкара е сличен на убиството на германскиот дипломат Ернст фом Рат во Париз во 1938 гофина во кого пукал еврејски студент. Според Кунцман, Фон Рат бил олицетворение на злосторствата на Хитлер, геноцид, антисемитизам и агресија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо