Русија: Кибер агресијата на Западот ќе има последици
– Кибер агресијата, што Западот ја започна против Русија, ќе има последици и ќе бидат утврдени нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Според руското Министерство за надворешни работи САД и „нивните сателити“ преземаат масовна кибер операција против руските државни институции, медиуми, објекти од критична инфраструктура и витални системи, секојдневно се изложени на силни напади, со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија, пишува во соопштението.
– Никој не треба да се сомнева: започнатата кибер агресија врз Русија ќе доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и сторители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите дела, согласно законот, се посочува во соопштението.
Исто така се додава и дека во „кибер војната“ против Русија, учествуваат и „кибер платеници“, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам“.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка