Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
Според извештајот на независниот руски портал Медиазона, кој се повикува на податоци од веб-страниците на воените судови, до крајот на мај 2024 година, повеќе од 20.000 руски војници биле гонети за одбивање да учествуваат во војната против Украина.
Вкупно 20.538 случаи на „непослушност“ се регистрирани од септември 2022 година, кога Кремљ ја прогласи првата делумна мобилизација, објавуваат украинските медиуми.
Поголемиот дел од овие случаи се обвиненија за доброволно напуштање на единицата (AWOL), од кои имало дури 18.159, проследени со 1.369 случаи на одбивање да се извршат наредби и 1.010 случаи на дезертерство. Од вкупниот број обвинети, 17.721 војник веќе се осудени, што покажува колку строго рускиот воен систем ја казнува непослушноста.
И покрај постојаниот меѓународен притисок и повиците од Украина, САД и европските сојузници за прекин на огнот како прв чекор кон мирот, Москва не попушта во својата воена кампања. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија регрутира помеѓу 40.000 и 45.000 нови војници месечно, вклучувајќи затвореници кои се регрутираат во замена за намалени казни, како и широка мобилизација на граѓани.
Кон крајот на 2024 година, претседателот Владимир Путин потпиша декрет со кој се зголемува бројот на припадници на руските вооружени сили на околу 2,4 милиони, вклучувајќи 1,5 милиони активни војници. Одлуката доаѓа во време кога руската војска продолжува да губи луѓе и се соочува со големи проблеми во одржувањето на доволно персонал за да ја продолжи војната во Украина.
Зголемувањето на бројот на војници ја одразува сериозноста на ситуацијата и желбата на Кремљ да ги зајакне своите сили и покрај големите предизвици.
Ново на Сител
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага