Русија ја затвори границата со Белорусија
Русија одлучи да ја затвори својата граница со Белорусија поради борбата против ширењето на коронавирусот, јавија руските медиуми.
Од владината прес служба информираа дека Москва ќе презема овие ограничувачки мерки заради развојот на ситуацијата со пандемијата. Прво беше донесена одлука да се затворат границите со Кина и со државите од Азија, кои први се судрија со заканата од вирусот. Ограничени се воздушните комуникации со државите од Европската унија. Забрането е во земјата да влегуваат странци кои ги пресекуваат границите на Русија со Полска и Норвешка. Откажани се железничките линии до Летонија, Молдавија и Украина.
Од Минск засега не е преземена реципрочна одлука.
До овој момент во Русија се регистрирани 60 случаи на заразени со коронавирус, а во Белорусија околу 30.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари