-->
-->
Русија ја навреди Америка: Сладоледот "Обамка" предизвика хаос на социјалните мрежи!
-->

- Руската фабрика за сладоледи "Славица" направила нов вкус на сладолед под името "Обамка", што на друштвените мрежи предизвика многубројни коментари. Всушност, името на сладоледот значи "малиот Обама", што Америка го доживеа како навреда.
Од компанијата рекле дека им се допаднало името и дека немале никакви политички конотации.
На амбалажата се наоѓа анимиран лик на дете со темна кожа кое се смее, има обетки и јаде сладолед.
Овој чекор на руските сладоледџии предизвикал лавина од коментари на социјалните мрежи, па се појавиле и креативни предлози за продолжување на серијата производи.
- Следен е "Ердоганка" и "Меркелка" - напишал еден од корисниците на социјалните мрежи.
- На нас само ни се допадна името. Многу е забавно. Немаше политички конотации. Со сигурност не сакаме да навредиме никого - кажала Русилиа Мустафина, директорка за развој на фабриката "Славица".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
-

Кина смета дека САД треба веднаш да го ослободат Мадуро
-

Лазаров: Мора да создадеме добар колектив, систем што ќе функционира
-

Кај двајца 17-годишници од Битола пронајдени 48 пакувања марихуана
