Русија истрелала над 7.000 проектили врз Украина од почетокот на војната
Руските сили истрелале 7.400 проектили против Украина од почетокот на војната, рече Јуриј Игнат.
Од 24 февруари 2022 година, руската армија истрелала 7.400 проектили од различен тип кон Украина, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат, пренесоа украинските медиуми.
-Од почетокот на целосната инвазија, руската окупаторска армија истрела 7.400 проектили од различни типови. Од нив, приближно 1.600 беа уништени. Но, бројот 7.400 ги вклучува сите ракети – С-300 и С-400 (околу третина од вкупниот број), балистички ракети Х-22 (само околу 900 балистички ракети „Искандер-М“ летаа над Украина)“, прецизираше портпаролот.
Како што беше соопштено претходно денеска, ноќта на 21 декември, руските војници ја нападнаа Украина со 35 беспилотни летала Шахед 136/131. Украинската воздушна одбрана собори 34 од нив.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст