-->
-->
Русија: Интернетот и мобилните телефони во прекин за време на протести за поддршка на Навални
-->
Услугите на мобилните оператори и интернетот во Русија денеска биле во прекин, јави веб-страницата dovndetector.ru во моментот кога полицијата ги сузбиваше забранетите демонстрации со кои се бара ослободување од затвор на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.Некои светски агенции јавија дека над 200 демонстранти биле приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, соопшти дека најмалку 48 лица биле приведени за време на денешните протести во повеќе градови, вклучувајќи ги Владивосток и Хабаровск.
Организаторите на демонстрациите во Владивосток изјавија дека таму на протестот излегле околу 3.000 луѓе, а според проценките, ќе има уште повеќе учесници на попладневниот собир што ќе се одржи во Москва.
Пораките на приврзаниците на Навални, кои повикуваат на протести во неколку десетици градови низ Русија, деновиве ги преплавија социјалните мрежи. Полицијата затоа наводно се вмешала во мобилните услуги со цел да им се отежне комуникацијата на демонстрантите и да се спречи споделување видеа на интернет.
Навални, кој е најистакнат политички противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде помина пет месеци закрепнувајќи од, како што се сомнева, труење со нервни агенси, за што го обвинува Кремљ.
Властите велат дека со престојот во Германија, тој ја прекршил условната казна според кривичната пресуда, во случај за кој Навални вели дека е незаконски, па на почетокот на февруари, судот ќе одлучи дали ќе издржи казна од 3,5 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
-

Истрага против три лица за загрозување на животната средина со отпад во Охрид
-

„Џемини“ на Гугл хакирал три компании за време на тест за кибер безбедност
-

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век
-

САД и Данска постигнале напредок во спорот околу Гренланд, договорот ќе се потпише следната недела во Њујорк
-

Челзи претрпе тежок пораз од Брентфорд во Премиер лигата
