Русија: ИД годишно заработува околу две милијарди долари од нелегална трговија со нафта
Групата Исламска држава годишно заработува околу две милијарди долари од незаконска трговија со нафта, соопшти руското Министерство за одбрана, цитирано од ТАСС.
Приходите од продажбата на нафта се меѓу најважните извори за финансирање на терористите во Сирија. Тие годишно заработуваат околу две милијарди долари и овие средства ги користат за најмување борци во цел свет, за снабдување со оружје и за борбена техника. Ете зошто ИД така жестоко ја брани инфраструктурата за добивање нафта, што е под нејзина контрола во Сирија и Ирак, изјави рускиот заменик министер за одбрана, Анатолиј Антонов, цитиран од ТАСС.
Тој посочи дека турското раководство е вовлечено во незаконска трговија со нафта од Сирија, дополнуваат светските агенции.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговото семејство се директно замешани во шверцот со нафта со организацијата ИД, додаде Антонов, цитиран од светските агенции.
Првиот корисник на оваа нафта, украдена од неговите законски сопственици Ирак и Сирија, е Турција, посочи заменик министерот, цитиран од француските медиуми.
-Според добиените информации, раководната политичка класа во Турција, во која е и претседателот Ердоган и неговото семејство, се замешани во овој незаконски канал, додаде Антонов на прес конференција во Министерството за одбрана на Русија, на која присуствуваа над 300 новинари.
„Цинизмот на турската Влада е неограничен“, рече тој.
Началникот на главната оперативна управа на рускиот Генералштаб, Сергеј Рудској, изјави дека секој ден цистерните на ИД превезуваат по 200.000 барели нафта, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека терористите располагаат со најмалку 8.500 цистерни, со кои го превезуваат посоченото количество нафта.
-За двата месеца од руските воздушни напади во Сирија уништени се над 1.000 цистерни на ИД со нафта, дополни Рудској. Тој додаде дека во нападите се предизвикани штети врз околу 40 нафтени рафинерии.
Руските напади врз нафтените инсталации на ИД придонеле за двојно намалување на приходите на терористите од незаконската трговија со нафта - од три милиона на 1,5 милион долари дневно.
Ново на Сител
-
ФИФА и се извини на Украина што покажа карта без Крим во нејзината територија
-
Тошковски: Со истрагата за криминалната група „Беланоца-Барон“ најмалку седум убиства се расветлени
-
Меџити ја претстави Планската програма за почист воздух 2024-2030
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер