Русија и врачи протестна нота на амбасадорката на Холандија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека денеска и врачил протестна нота на холандската амбасадорка во Москва Рене Џонс-Бoс поради апсењето и протерувањето на руски државјани од Холандија, оценувајќи го потегот како провокација.
Холандските власти минатата недела соопштија дека разоткриле руска хакерска група, кога во април фатиле четворица мажи со шпионска опрема во хотел во близина на седиштето на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ).
Русија смета дека апсењето и протерувањето на руските државјани е провокација поради рускиот став во ОПЦВ и противењето работата на таа многу важна меѓународна институција да се политизира, се вели во соопштението на руското Министерство.
-Ваквите чекори на Хаг нанесуваат непоправлива штета на билатералните односи и целата одговорност за тие лаги ја сноси холандската страна, заклучува руското МНР.
Ова е одговор на протестна нота, која холандските власти ја врачија на рускиот амбасадор во Холандија и на рускиот претставник во ОПЦВ Александар Шулгин на 3 октомври, а поради наводите на медиумите за руската вмешаност во кибер нападите.
Ново на Сител
-
Муцунски за Atlantic Council: Одлуките донесени во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации
-
Разбојничка кражба во фризерски салон во Битола, осомничениот во бегство
-
Скопје домаќин на лидерската средба ЕУ - Западен Балкан
-
Аракчи: Трамп мора да престане со непочитување кон Хамнеи доколку искрено сака нуклеарен договор со Иран
-
И покрај забраната, се очекуваат десетици илјади учесници на Парадата на гордоста во Будимпешта
-
Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово
-
Во Србија одбележуваат Видовден - Владата на централна прослава во Крушевац, студенти на протести
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост