Русија го смета за закана присуство на германски војници на нејзините граници
Распоредувањето на трупи и воена опрема на НАТО во Германија, Полска и балтичките земји претставува безбедносна закана, за која официјална Москва нема информации кога би запрела, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Алексеј Мешков.
Мешков денеска изјави дека Москва внимателно ги следи активностите на НАТО и ќе стори се за да ја гарантира својата безбедност.
- Ова распоредување на војници и воена опрема се разбира е закана за нас. И кој вели дека е заврши со тоа? Ние немаме такви информации. Првпат од крајот на Втората светска војна ние гледаме германски војници на нашите граници, изјави Мешков за руските медиуми.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, изјавата на Мешков доаѓа откако САД испратија илјадници свои војници во Полска, балтичките земји и југоисточна Европа во најголемите поместувања на воена жива сила по Втората светска војна.
Како дел од обидот на НАТО да покаже поддршка за земјите во Источна Европа по руската анексија на Крим, Германија испрати свои војници во Литванија.
Ново на Сител
-
Фицо најави нормализирање на односите помеѓу Словачка и Русија
-
Француската полиција елиминира Тунижанец откако тој со нож избоде пет лица
-
Успехот создава зависност да истражуваш уште повеќе | Ангела Шаровиќ Иванова | Sitel Podcast 112
-
Вучиќ првпат откри што ќе работи откако ќе ја напушти власта
-
Путин: Русија никогаш не била против членството на Украина во ЕУ
-
Арсовска: Ова е системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка, за напад кој претставуваше и атак врз институцијата градоначалник
-
Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
-
Македонија за една деценија изгубила 30.000 ученици