Русија ги зголемува даноците за „странските агенти“ кои ја „предале земјата“

Рускиот парламент изгласа зголемување на даноците за лицата означени како „странски агенти“, статус што се користи за прогон на дисидентите, јави ДПА.
Во иднина, тие ќе мора да плаќаат највисока даночна стапка од 30 отсто, наместо просечната од 13 отсто до 22 отсто.
„Оние кои ја предадоа нашата земја, не треба да добиваат даночни олеснувања“, напиша претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, на апликацијата Телеграм.
Терминот „странски агент“ руските власти го користат од 2012 година за стигматизирање на опозициски личности и други дисиденти. Благодарение на низа законски измени, Министерството за правда веќе не е должно да обезбеди докази дека дадено лице примало финансирање од странство за да го означи како странски агент, наведува ДПА.
Моменталниот список вклучува повеќе од 1.000 организации и лица обвинети дека се „под странско влијание“.
Лицата означени како „странски агенти“ се соочуваат со тешки последици, вклучувајќи забрана да се кандидираат или да набљудуваат избори. Исто така, им е забрането да работат за државни институции и им се ускратуваат приходите од кирии или камати на штедни сметки, како и авторски хонорари или други приходи од интелектуална дејност.
Кога даваат јавни изјави, вклучително и објавување на социјалните мрежи, тие мора јасно да се идентификуваат како „странски агенти“, во спротивно им се изрекуваат високи казни.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Мораме да најдеме решение на предизвикот со Бугарија, но во рамки на нашите принципиелни позиции
-

Брза интервенција на ДПД-Пехчево спречи поголем пожар кај село Црник
-

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо
-

Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите луѓе кои ќе останат да ја развиваат оваа држава
-

Фонд на ПИОМ: Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година
-

По пет години затвор добија тројца турски државјани, кои помагаа во извршување на убиство во Штип
-

Осомничениот за убиството во Старо Нагоричане е во затвор Куманово
-

Тошковски: МВР делува неселективно еднакво спрема сите етникуми и навивачки групи
