Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји
Руските власти денеска соопштија дека односите со САД се толку конфронтирачки што руските граѓани треба да се воздржат од патување во САД, Канада и некои земји од ЕУ за време на претстојните празници, наведувајќи дека постои ризик од „лов“ на американските власти на руски државјани.
Марија Захарова, портпаролка на руското МНР, истакна дека односите со САД се на работ на нарушување.
„Во контекст на засилените конфронтации во руско-американските односи, кои се повеќе се разнишани поради Вашингтон и се на работ да бидат нарушени, патувањата во САД, без разлика дали од приватни причини или од потреба, носат со себе сериозен ризик“, рече Захарова
Таа ги повика Русите за време на претстојните празници да се воздржат од патување во САД и нивните сателити, пред се во Канада, а со неколку исклучоци и во членките на ЕУ.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Колку се изводливи заканите на Трамп за царини и даноци за трговските партнери?
-
Тема на денот со Иво Рангеловиќ
-
Собранието ги поправи и потврди измените на кои Силјановска стави вето