Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин
Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ.
„Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов.
Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска на ФБ Генералштабот во Киев. Се наведува дека особено жестоки борби се случиле во областа околу градот Покровск во регионот Донецк, каде бранителите одбиле 78 напади од страна на руската армија.
Информациите дадени од завојуваните страни не можат независно да се потврдат, но даваат претстава за обемот на борбите.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 105 украински беспилотни летала биле соборени над 11 руски региони во текот на ноќта – 19 од нив над Московскиот регион.
Рускиот претседател Владимир Путин прогласи еднострано примирје кое се совпаѓа со одбележувањето на годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија на 9 мај, на кое треба да присуствуваат неколку странски достоинственици.
Прекинот на огнот е предвиден да важи од полноќ во среда во Москва до полноќ во сабота (21:00 ГМТ среда – 21:00 ГМТ сабота.
Ново на Сител
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски