Русија ги казни Фејсбук и Твитер со по 58.000 евра
Руски суд денеска ги осуди социјалните мрежи Твитер и Фејсбук на парични казни поради неисполнување на законот што бара податоците од руските корисници да се чуваат на национална територија.
Секоја од социјалните мрежи треба да плати парична казна од четири милиони рубљи (околу 58,000 евра).
Според судот, двете групи имаат десет дена да ја обжалат судската одлука и во рок 60 дена да ги платат казните.
Русија веќе неколку години работи на изградба на внатрешен Интернет кој може да функционира независно во случај земјата да биде отсечена од најголемите светски сервери, но и да ја зголеми контролата врз мрежата.
Веќе во 2016 година, Русија нареди блокирање на професионалната социјална мрежа ЛинкдИн, која одби да го почитува својот закон за заштита на податоците на руските корисници.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор