Русија ги доби иранските борбени дронови
Иранските борбени беспилотни летала кои пристигнаа во Русија овој месец би можеле да обезбедат значителна поддршка на руските сили во Украина, особено во спротивставувањето на напредното оружје што Киев го доби од Запад, како што се американските системи ХИМАРС, пренесува Радио Слободна Европа. Американските власти вчера соопштија дека Иран го испорачал првиот контингент од своите борбени беспилотни летала во Русија, наведува Волстрит журнал.
Официјални лица од администрацијата на Џо Бајден изјавија дека руски товарни авиони донеле најмалку два вида ирански беспилотни летала во Русија за кои САД очекуваат руските сили во Украина да ги користат за ракетни напади, надзор и електронско војување.
Според Њујорк Тајмс, Иран официјално објави дека нема да обезбеди воена опрема на ниту една страна во конфликтот, но потврди дека договорот за беспилотни летала со Москва е дел од воениот договор постигнат пред почетокот на руската инвазија на Украина.
Иран, исто така, ја зголемува продажбата на своите беспилотни летала во земји надвор од регионот, бидејќи се обидува да ја заземе позицијата на глобалниот пазар на дронови – ги продаде на Етиопија, Судан и Венецуела, а во мај со Таџикистан отвори заедничка фабрика за производство на дронови во таа земја.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка