Русија добила беспилотни летала, тврдат западни разузнавачи
Русија набави стотици ирански беспилотни летала кои би можеле да се користат во војната против Украина, и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа, јавија американски медиуми повикувајќи се на западни разузнавачи.
Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба на готовност и подготвени за употреба.
Наводната испорака е уште еден знак за она што се чини дека е се поблиска воена соработка меѓу долгогодишните сојузници.
Соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради инвазијата на Украина, Русија се повеќе се свртува кон Иран како клучен партнер и снабдувач на оружје, наведуваат американски медиуми. Минатиот месец Белата куќа првпат јавно предупреди дека Иран планира да и достави на Москва „стотици“ вооружени беспилотни летала. Неколку дена подоцна, Вашингтон наведе дека руските претставници двапати го посетиле Иран за да преговараат за трансферот.
Ново на Сител
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите