-->
-->
Русија бара СБ на ОН утре да расправа за „Случајот Скрипал“
-->
Русија бара утре да биде одржана отворена седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе бидат разгледани обвинувањата од Лондон дека Русија стои зад обидот за убиство на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка со уптреба на нервен агенс.
Барањето го поднесе рускиот амбасадор во Светската организација Василиј Небензја.
Тој го образложи барањето со писмото, кое на 13 март го испрати британската премиерка Тереза Меј до СБ на ОН во кое се вели дека „многу веројатно“ Москва стои зад нападот на Скрипал.
Петнаесетчлениот Совет за безбедност на ОН на 14 март заседаваше на оваа тема по барање на Велика Британија, каде беше извршен обидот за убиство на Сергеј и Јулија Скрипал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот