Русија: Асад ја напушти земјата и нареди мирно предавање на власта

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта.
Во соопштението, министерството не соопшти каде е сега Асад, но истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување.
Во него се наведува дека руските воени бази во Сирија се ставени во состојба на готовност, но дека во моментов нема сериозна закана за нив.
Според соопштението, Москва е во контакт со сите сириски опозициски групи и ги повика сите страни да се воздржат од насилство.
Сириските бунтовници ја презедоа контролата врз Дамаск и го соборија претседателот Асад, ставајќи крај на долгогодишното авторитарно владеење на неговото семејство по повеќе од 13 години граѓанска војна.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
