Фудбал
19. December 2017 - 13:24

Руни: Јунајтед од 2008 е подобар од денешниот Сити

Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија не ја прифаќа констатацијата дека денешниот Манчестер сити го има најдобриот тим во историјата на Премиер лигата. 
„Не знам дали може да се прави споредба но за да бидат навистина најдобри би морале да продолжат вака и да направат уште многу за да се сметаат најдобар тим во историјата на Премиер лигата “ смета Руни. 
Според популарниот „Ваза“  „Граѓаните“ би морале да освојат уште многу трофеи за да бидат подобри од тимот на Јунајтед од 2008 година кој ја освои ЛШ, Премиер лигата и Комјунити шилд- вели сегашниот напаѓач на Евертон. 
Тимот на Гвардиола игра одлично оваа сезона и го собори рекордот на најсилната лига во светот со 16 победи во низа па не е чудно  што по 18 рунди има 52 бода, односно 11 повеќе од градскиот ривал.