Румен Радев изрази длабока загриженост од создадената тензија во Македонија

Изразувам длабока загриженост од создадената тензија во Република Македонија и судирите во Парламентот, што доведоа до неколку десетици повредени лица, меѓу кои и пратеници, се посочува во изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев за ситуацијата во Република Македонија, соопшти неговиот прес-секретаријат.
Радев ги повика сите партии во Република Македонија да го почитуваат демократскиот процес и да водат дијалог, пренесува БТА.
„Демократијата и правниот поредок се патот за излез од кризата. Верувам дека Република Македонија нема да застрани од овие eвропски вредности“, се посочува во ставот на бугарскиот претседател.
Претседателот ги повика и бугарските граѓани на мир.
„Под раководна палка на вицепремиерот Стефан Јанев синоќа беше свикана итна средба на министерот за внатрешни работи и компетентните служби, на која беше направена анализа на ситуацијата и е констатирано дека нема непосредни ризици за Бугарија“, се наведува во соопштението од прес службата на шефот на државата.
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
