Рубио: Зеленски треба да се извини
Американскиот државен секретар Марко Рубио го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се извини по неговата расправија со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.
-Зеленски треба да се извини што ни го изгуби времето за средбата што заврши на овој начин. Многу јасно ставивме до знаење кој е нашиот план, а тоа е да ги доведеме Русите на преговарачка маса, истакна Рубио во интервју за Си-ен-ен.
Тој додаде дека во изминатите десет дена во сите контакти со Украинците имало компликации, вклучително и јавни изјави на претседателот Зеленски, при што се поставува прашањето дали украинскиот претседател е подготвен за мир.
-Можеби не сака да склучи мировен договор. Тој вели дека го сака тоа, но можеби и не, истакна Рубио, додавајќи дека „овој начин на поткопување на мировните напори е многу разочарувачки“.
Ново на Сител
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД