РТС: Словенија ќе вработува поштари од Србија и од БиХ
Поради недостаток на поштари, возачи и пакувачи на пратки, Словенечката пошта одлучи да побара кадри од Србија и од Босна и Херцеговина. Таквиот оглас наиде на интерес во Србија, додека во Словенија го разлути Синдикатот на поштенските работници, јави Радио телевизија Србија.
Предвидена е плата од 700 евра за поштарите и за помошните работници, а 800 за возачите, што е мала месечна заработка за Словенците, но не и за граѓаните на Србија, од каде се пријавиле повеќе од 150 лица.
Синдикатот на поштенски работници на Словенија реагираат на ниските критериуми, непознавањето на јазикот и на европските прописи за новите вработени. Синдикатот истакнува дека нема потреба да се „увезуваат кадри“ и оти ако се зголемат платите и Словенците ќе сакаат да работаат како поштари.
- Платите не се толку високи колку што е тешка работата и мора да се работи цел ден, затоа заминуваат луѓето. Проблемот е во тоа што заминува кадар што работел 10, 15, 20 години. Значи некој мора да сфати дека постои некој поголем проблем зошто луѓето не сакаат да работаат, изјави Дијана Кос од Синдикатот на поштенски работници на Словенија.
Пошта на Србија наведе дека поштенските работници постојано се усовршува.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници