РТЛ Данас: Од воведувањето на еврото, во Хрватска зголемен бројот на фалсификувани банкноти
Од воведувањето на еврото на 1 јануари годинава, во Хрватска е запленето значително количество лажни банкноти, а имало и обиди да се плати со т.н. „филмски банкноти“. Ова, за хрватскиот „РТЛ Данас“ го изјави Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста во Полициската управа на Брод-Посавина. Тој појасни дека и претходно имало фалсификувани банкноти, но не во толкав број.
Според информациите на РТЛ, само годинава во Хрватската народна банка биле откриени речиси 300 лажни банкноти од еврото, најмногу во апоени од 50 евра - речиси 200. Велат дека измамниците се заинтересирани и за банкноти од 20 и 100 евра, а нешто помалку во 10. 500 и 200 г. Тоа значи дека за неполни два месеца биле откриени повеќе фалсификувани банкноти на евра отколку во текот на цела минатата година кога биле запленети вкупно 260, а во 2021 година биле 228.
Големиот пораст на фалсификуваните евро банкноти го забележале најмногу рестораните, па скенерите и хемикалиите за откривање станаа задолжителен дел од опремата за кафеани. Оние кои ќе бидат фатени од полицијата со лажни банкноти се соочуваат со затворска казна до 10 години, јави медиумот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје
-
Пожар во стан на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје - Седум лица вдишиле чад
-
Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху
-
Пијан скопјанец отстранет од патот Охрид-Кичево - бил однесен во болница, па во притвор
-
Коњановски ги демантира наводите на социјалните мрежи: Казната ја платив веднаш | ФОТО
-
Рама: Секојдневно се соочуваме со кибер-напади од Иран