РСБСП со совети за безбедно возење во зимски услови
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упати неколку совети за безбедно возење во зимски услови.
– Користете задолжителна зимска опрема. Грижете се за техничката исправност на возилото. Безбедносниот појас секогаш нека ви биде заврзан. Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. доколку сте во можност, имајте резервно гориво во случај да има застој во сообраќајот. Возете на поголемо растојание од другите возила и одбегнувајте остри и ненадејни движења, се вели во соопштението од РСБСП.
Оттаму порачуваат да се почитува брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки.
– Немојте да забрзувате и нагло да кочите бидејќи ваквите постапки ќе доведат до лизгање. Кочете порано и имајте на ум дека мора да ја попуштите кочницата за да управувате и вртите. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50 проценти подолг отколку во нормални услови. Бидете трпеливи и претекнувајте возила исклучиво кога тоа е безбедно. Во текот на возењето се препорачува лесна контрола врз гасот. Во зимските услови подобро е порано да се смени степенот на пренос, односно порано менување во поголема брзина. На замрзнати површини се препорачува возење во втора брзина. Бидете информирани за состојбата на патиштата, наведуваат од РСБСП.
Додаваат дека добро е во автомобилот да се има мала лопата, малку песок, крпа за бришење, мала метла за чистење на снегот од стаклата, антифриз, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
– Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во градскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете до посакуваната дестинација, советува РСБСП.
Ново на Сител
-

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
-

На албанско-грчката граница спречен шверц на 350 килограми марихуана
-

Сирени одекнуваат низ северен Израел додека се случува ирански балистички ракетен напад
-

ИДФ: Иран возвраќа, детектирани ракети кон Израел
-

Воздушниот простор над Израел затворен за цивилни летови, МНРиНТ и Амбасадата во Тел Авив апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

„47 години Иран скандира Смрт за Америка“: Трамп го потврди нападот, Иран подготвува одмазда
-

Ирак го затвора воздушниот простор откако Израел и САД започнаа напади врз Иран
-

Најстудено утрово во Прилеп, Крива Паланка, Берово, Битола, дневната температура денеска од 10 до 15 степени
