РСБСП: Сите да возиме на женски начин затоа што така е побезбедно и посигурно
Жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено на семафор, не возат без возачка дозвола, повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повеќе ги почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот, соопштуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот.
Од РСБСП дополнуваат дека ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50 проценти. Истражувањата покажуваат дека жените се безбедни возачи и брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот не е својствено за нив.
– Статистиката покажува дека мажите трипати повеќе страдаат во сообраќајни незгоди од жените. Според Светската здравствена организација, околу 77 проценти од сообраќајните незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи мажи, стои во соопштението на РСБСП.
Па така, оттаму велат, дека учесниците во сообраќајот, особено возачите, можеме да ги поделиме на безбедни и небезбедни, на совесни и несовесни и секоја поделба на возачите на женски и машки е несоодветна, и таа може да се прави само за научни и статистички цели.
– Согласно наведеното, ако почитувањето на сообраќајните правила и прописи е женско возење, ако почитувањето на ограничувањто на брзината е женско возење, ако почитувањето на пешаците е женско возење, ако дефанзивното возење е женско возење, тогаш ајде сите да возиме на женски начин, затоа што така е побезбедно и посигурно, порачуваат од РСБСП.
Со пораката „Жените возат одговорно! Биди горда што си жена и што си безбеден возач!“, РСБСП го честита денот на жената 8-ми Март. За таа цел, советот во соработка со МВР, организира превентивно едукативни активности, со цел подигање на свеста против стереотипите за жените како лоши возачи.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму
-

Британските премиери се менуваат, само мачорот Лери останува
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
-

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
-

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати
-

Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“
