„Росискаја Газета“: Бугарија не се однесува пријателски кон Русија
Иако над половина од Бугарите негуваат симпатии кон Русија, последните политички потези на Бугарија тешко дека би можеле да се наречат пријателски, оценува московскиот весник „Росискаја газета“ во коментар на односите меѓу Москва и Софија.
Весникот наведува дека Бугарија „го затвори небото за руските авиони со хуманитарни пратки“ наменети за Сирија, а од друга страна бугарските граничари посветуват „зголемено внимание“ на енергетскиот холдинг „Лукоил Бугарија“.
Тоа ја натера Москва да побра објаснување од шефот на бугарската дипломатска мисија во Русија, Бојко Коцев, што всушност има намера да постигне Бугарија во билатералните односи. Но, засега не се знае што одговорил амбасадорот, наведува „Росискаја газета“.
- Редовните изјави на бугарските официјални лица за апстракна подготвеност за градење на соработка со Русија претставуваат само параван од зборови зад кои се кријат непобитни факти за смислени удари не само врз политиката на Руската Федерација, туку и врз биснисот со руски капитал, оценува весникот.
Според „Росиксаја газета“, за „домашни потреби“ во Бугарија се става акцент на конкретни активности на раководството на земјата во врска со некаква „повремена размена на реплики“ меѓу бугарскиот премиер Бојко Борисов и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
- Во последната година Софија докажа дека е подготвена да разговара со Москва за секакви работи од взаемен интерес. Но, кога ќе дојдат на ред кокретни активности, почнуваат да се јавуваат проблеми слични со оние како во односите со Вашингтон, Берлин и Брисел. Ова од причина што буџетот на Бугарија е сериозно зависен од надворешни финансиски инјекции, независно дали станува збор за кредити или за средства од еврофондовите, наведува весникот.
„Росискаја газета“ потенцира дека вообичаениот одговор на просечен Бугарин на ваквите забелешки гласи: „Ние сме мала земја и не можеме да им се спротивставуваме на Европа и САД“.
Ново на Сител
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје