Рос Гарден беше со големина ХХХХL, а сега тој е секси ХХХХL

Рос Гарднер (39) стана вистинска инспирација за милиони луѓе кои се борат со вишокот на килограми откако во рок од неколку години ја намали тежината на 90 килограми и од големина ХХХХL дојде на ХХХХL секси, сметаат неговите нови обожаватели.
Мажот од Флорида се одлучи за целосна промена на начинот на живот откако лекарите го советувале дека дебелината му влијае на здравјето. Тоа што тој го направи не е никаква револуција, но докажува дека е се можно: едноставно престана со пиење и пушење, почна со здрава храна и вежби, а со строгата диета целосно ја исфрли и брзата храна.
- Јас морав да купувам два билети за авион, затоа што не можев да седам. Не можев да ги врзувам чевлите, а еднаш на работа ми пукнаа панталоните, се потсетува Гарднер на времето кога имал дури 178 килогрмаи. Откако ослабел, тој се подложи на операции на отстранување на вишокот на кожата.
- Пред губење на тежината бев толку многу засрамен од своето тело, што цели шестт години не сум ја соблекол маицата во јавноста, рече Рос.
Сега неговата приказна сака да ја подели со другите, за да ги инспирира за промена каква што и самиот ја поминал.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
