-->
-->
Роналдо урива рекорди во ЛШ
-->
Запишувајќи се двапати во листата на стрелци на натпреварот против Атланта, португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо синоќа дојде до бројката од рекордни 139 голови во Лигата на шампиони (ЛШ).
Роналдо го спаси Манчестер јунајтед од пораз на гостувањето во Бергамо (2-2), постигнувајќи два гола во судиското продолжение во првото и второто полувреме.
Во низата рекорди, кои ги собори, Роналдо додаде уште еден. Со двата гола во мрежата на Атланта, португалскиот напаѓач со 36 години и 270 денови стана највозрасниот играч во историјата на Манчестер јунајтед, кој постигнал два гола на еден европски натпревар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода
-
Општата болница во Струмица добива нови доктори и здравствен персонал
-
Светски ден на борба против хепатитис
-
Преглед на вестите од светот