Роналдо под истрага за кршење на здравствениот ковид протокол
Италијанската полиција истражува потенцијално кршење на здравствените ковид протоколи од страна на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој наводно патувал во ризичниот регион Вале д’Аоста, на североистокот на Италија.
Локалната полиција, како што јави италијанската агенција АНСА; потврди дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и средата, во алпското гратче Курмајер.
Како доказ се наведуваат видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како Роналдо и Георгина седат на моторни санки, прославувајќи го 27. роденден на Родригез.
Во Италија на сила е забрана за патување во регионите кои се во „портокалова зона“ поради епидемијата на коронавирус, што ги вклучува и областите Пиемонт и Вале д’Аоста.
Доколку се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна, наведува италијанската агенција.
Ново на Сител
-
Дали и кој ќе одговара за смртта на 14 месечното бебе по утврдените недостатоци од стручниот надзор?
-
Албанија ги започна преговорите, Рама смета дека историјата не смее да ја држи Македонија надвор од ЕУ
-
Додека во ЕУ се одлучува едногласно, Македонија не може да почне преговори без уставни измени
-
Вреди не се откажува од Албанска академија на науките: Ќе ја финансира преку општините
-
Грејната сезона почна, учениците во 8 основни училишта во Карпош на настава без парно
-
Скопјани меѓу нејнезадоволните од јавниот превоз во Европа
-
Меѓународен ден на белиот стап - како е да се живее со оштетен вид во Македонија
-
Преглед на вестите од светот