Роналдо одигра 1.200 натпревари и порача: „Сè уште не сме завршиле“
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е среќен што одигра 1.200 натпревари во кариерата.
Напаѓачот на Ал-Наср до оваа бројка стигна синоќа со учеството во натпреварот со Ал-Ријад (4:1) во првенството на Саудиска Арабија. Тој постигна гол и асистенција на овој натпревар.
– Уште три бода. Благодарен сум на сите соиграчи кои ми помогнаа да стигнам до мојот 1200-ти натпревар. Какво патување! Но, сè уште не сме дошле до крајот, порача преку социјалните мрежи 38-годишниот фудбалер.
Португалецот стана само петтиот играч кој стигнал до оваа граница. Пред него се Питер Шилтон (1375), Пол Басток (1286), Рожерио Сени (1237) и Фабио Лопез (1212). Сите тие се голмани.
Роналдо во својата богата кариера пред Ал-Наср играше и за Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид, и Спортинг Лисабон.
Ново на Сител
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени