-->
-->
Роналдо „крунисан“ во крал!
-->

Мадридски Реал со пригодна свеченост му оддаде признание на својот стрелец Кристијано Роналдо. Португалецот, во средата, против Малме ја мина границата од 500 голови во кариерата, на листата на најдобри стрелци во историјата на Реал се израмни со Раул.
„Кога првпат го облеков дресот на Реал не можев да замислам дека еден ден ќе станам најдобар стрелец и дека ќе го минам на таа листа мојот добар пријател Раул, како и покојниот Алфредо Ди Стефано“, рекол Роналдо.
Поругалецот кој е водечки стрелец и во Лигата на шампионите со 82 гола, пет повеќе од Лео Меси, нагласил дека до рекордот не би можел да стигне без помошта на соиграчите.
„Без моите соиграчи ова немаше да го направам. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите мои тренери – Мануел Пелегрини, Жозе Мурињо, Карло Анчелоти и Рафаел Бенитез – тие секогаш ми помагаа како и нивните помошници, физиотарапевти, економи... За крај тука се и за мене најважните особи, мојата мајка и мојот менаџер Жорге Мендез.“
Свеченоста Роналдо ја искористи и да им се извини на новинарите, со кои до средата не комуницираше цели седум месеци.
„Свесен сум дека не се однесував најдобро кон медиумите, бев помалку ѓубре, но така реагирам кога некој нефер се однесува кон мене. Но ви благодарам на сите за сè што направивте за мојата кариера“, рекол Роналдо.
Кристијано Роналдо вниманитето на фудбалските скаути го привлече како тинејџер во 2000 година додека игаше во Спортинг, потоа се пресели во Манчестер Јунајтед, а по шест години во Англија, во 2009 година се пресели во Реал.
Роналдо досега во кариерата одиграл 753 натпревари и има постигнато 501 гол: Спортинг (5), Манчестер Јунајтед (118), Реал Мадрид (323) и репрезентација на Португалија (55).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
