Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
Ромската фондација за Европа изрази сочувство за жртвите во пожарот во Кочани и соопшти дека донела одлука да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на младите кои трагично ги загубија животите во несреќата.
-Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба, соопшти Фондацијата.
Нејзиниот претседател Жељко Јовановиќ ја посетил Амбасадата на Северна Македонија во Брисел за да изрази солидарност и сочувство. Тој се потпишал во книгата на жалост и го информирал амбасадорот на Северна Македонија во Европската Унија, Зулфи Исмаили, за одлуката на Фондацијата да донира 10.000 евра како поддршка за семејствата на жртвите.
-Оваа трагедија не е само огромна лична загуба, туку и болен потсетник на системските пропусти. Не смееше да се случи – и не смееме да дозволиме повторно да се случи. Потребно е да се зајакнат структурните мерки за заштита на луѓето, особено на младите, од вакви несреќи кои можат да се спречат. Нека споменот на оние што ги загубивме биде повик за акција: за поодговорно општество, за поголема безбедност и за иднина во која вакви трагедии повеќе нема да се случуваат, истакнал Јовановиќ.
Фондацијата во соопштението наведува дека Европскиот институт за ромска уметност и култура, Фондот за образование на Ромите, Иницијативата за развој на ромското претприемништво и Роми за демократија се придружуваат на Фондацијата Роми за Европа во изразувањето поддршка за жртвите од оваа трагедија.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана