Ромпуј: ЕУ нема да го блокира влезот на земја кандидат што докажала дека е подготвена
Поранешниот претседател на Европскиот совет и премиер на Белгија Херман ван Ромпуј смета дека ниту една земја членка на Европската унија нема да го блокира влезот на земја кандидат, која докажала дека е подготвена за приклучување кон европското семејство.
– Процесот на пристапување во ЕУ е целосно врз основа на заслуги. Затоа, сметам дека е подобро фокусот да биде на реформите кои треба да се направат, наместо да се шпекулира за ставовите на земјите членки. На крајот на краиштата, ниту една земја членка на ЕУ нема да го блокира влезот на земја кандидат која докажала дека е совршена за приклучување на европското семејство, вели Ромпуј во интервју за порталот „Еуропиан вестерн балканс“.
Прашан дали е праведно тоа што некои земји се скептични во однос на отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, Ромпуј вели дека тој лично поддржува отворање на преговори со двете земји.
Појасни дека за Белгија и многу други земји членки, најважен е интегритетот на ЕУ, што значи дека принципите како што се владеење на правото, силните демократски институции и фундаменталните вредности, како што се слободата на говор остануваат во фокусот на ЕУ.
За тоа каква порака се испраќа на земјите од Западен Балкан кога Северна Македонија и по промената на името и решавање на спорот со Грција не доби зелено светло за отворање на преговорите Ромпуј, објаснува дека земјите од Западен Балкан треба да се фокусираат на својот пат и напредок.
– Започнатите реформи не треба да бидат спроведени само за да се олесни патот кон приклучување кон ЕУ, туку и за сопствените заслуги. Реформите кои ги бара ЕУ би требало да бидат спроведени пред се за вас, граѓаните на Западен Балкан, кои ќе имаат корист од подобор владеење и правилна примена на демократските правила и прописи, изјави Ромпуј.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората