Ромеро: Референдумот во недела е многу важен момент за граѓаните

Италијанскиот амбасадор Карло Ромеро денеска за МИА изјави дека референдумот во недела е многу важен момент за граѓаните, нагласувајќи дека тоа е историски момент за Македонија.
- Тие имаат можност да избираат, што е едно од најфудаменталните права во демократијата. Да ја изберат иднината што ја сакаат, истакна Ромеро.
Тој, процесот за влез во Европската Унија го оквалификува како „долг“, но посочи дека на крајот носи „конкретни резултати“.
- Мислам дека е историска можност за граѓаните да одлучат.
Како претставник на Италија, можам да кажам дека земјата секогаш ја поддржувала Македонија како земја, македонските институции. Ние сме многу блиски со оваа земја и ќе ги поддржиме доколку одлучат. Тоа ќе биде начин за интеграција во ЕУ и НАТО, наведе италијанскиот амбасадор.
Посочи дека Италија сака Македонија да биде дел од ЕУ, како и дека од самиот почеток сака да и помогне на земјата да биде прифатена од страна на Унијата и НАТО.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
