Романски државјани на возраст од 19 години украле златен накит во Скопје

Лишени од слобода биле двајца романски државјани, фатени веднаш откако извршиле кражба во златарница, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Вчера во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР - Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар, соопштија од МВР.
Како што се појаснува во објавата, тие влегле во златарницата и побарале да разгледаат златен накит, а откако била извадена футрола, со употреба на сила ја земале од вработената и побегнале.
- Набргу, по преземени мерки, на излез од трговскиот центар се фатени и лишени од слобода и кај нив се пронајдени 43 парчиња златен накит. Одземеното е вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, потенцираа од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагичната несреќа во Кран - Монтана
-

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија - семејството бара помош за пронаоѓање
-

Ново линеарно зголемување со мартовската пензија
-

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Ѓорѓиевски: Набргу ќе биде избран и објавен најдобро украсениот дом во Скопје
-

Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден
-

Пожар на Скопска Црна Гора
-

Утре променливо облачно со сончеви периоди
