Романот „Нишан“ од Блаже Миневски на врвот на бестселер-листата во Ерменија
Романот „Нишан“ на Блаже Миневски, кој во почеткот на годинава во превод на Арминe Пилојан беше објавен на ерменски јазик во издавачката куќа „Антарес ЛТД“ од Ереван, неколку месеци е во самиот врв на најугледната бестселер-листа во Ерменија.
На листата бестселери на ерменската новинска агенција „Armenpress“, направена според бројот на продадени примероци, пред романот на Миневски, во јануари, на пример, беше само „Малиот принц“ од Егзипери, а зад него романите „Алхемичарот“ на Куељо, „Неподнослива леснотија на постоењето“ на Кундера, „Инферно“ на Ден Браун, „Марсовски хроники“ на Реј Бредбери, „Сто години самотија“ на Маркес, „Виновни се ѕвездите“ на Џон Грин..., додека на истата листа за април романот на Миневски е на четвртото место, зад двете историски книги за геноцидот на Ерменците во Турција, и зад романот „Лубов во време на колера“ на Габриел Гарсија Маркес.
„Нишан“ е прв македонски роман објавен во Ерменија, а за него меѓудругото се вели дека влегува во категоријата на ’романсиерски чуда’, дело кое, и покрај сета своја сложеност и несомнена длабочина, освојува веднаш, како магија.
Освен на ерменски јазик, романот „Нишан“ досега е објавен и на српски јазик во Белград, а до средината на следната година ќе би објавен и на арапски во Каиро, на кинески во Шангај, на италијански во Милано, на бугарски во Софија и на словенечки јазик во издавачката куќа „Цанкарјева заложба/ Младинска книга“ во Љубљана.
Ново на Сител
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица