Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
Галатасарај се пофали со доаѓањето на напаѓачот Алваро Мората во Истанбул и го комплетира трансферот од Милан. Турскиот шампион ги потврди преговорите со „росонерите“, но единствено што недостасува е официјална потврда на зделката. Се верува дека ќе биде за 18-месечен закуп со задолжителна опција за купување од 8 милиони евра.
Мората веќе позираше со дресот и шаловите на Галатасарај, коментирајќи ја и неговата преселба во клубот.
- Многу сум среќен. Се вложи многу труд за да ме доведат овде. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Абдула Беи и Џорџ Гарди за спроведувањето на многу тешкиот трансфер процес. Горд сум што сум овде. Галатасарај е единствената можна причина да дојдам во Турција. Едвај чекам да го облечам дресот и да ги натерам навивачите да доживеат моменти со кои можат да се гордеат. Дојдов овде да дадам се од себе. Јас сум многу среќен. И претходно имав можност да дојдам во Истанбул и да играм на овој стадион. Затоа имам претстава за тоа какви се нашите поддржувачи, кои почнаа да ми ја покажуваат својата љубов уште пред да пристигнам овде. Затоа едвај чекам да играм пред нив и да им донесам успех, изјави Мората за клупската телевизија.
Во меѓувреме, капитенот на Шпанија го искористи Инстаграм за да се збогува со својот поранешен тим.
-Ви благодарам што ми дадовте можност да го носам овој дрес. Милан е огромен клуб, а луѓето што работат таму се уште поголеми. Ви благодарам на сите, напиша на италијански во својата објава на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица