-->
-->
Романија извојува тешка победа против Македонија
-->
Македонската фудбалска репрезентација беше на чекор до сензационален камбек од 2:0, постигнувајќи два гола за две минути за 2:2, пред Јанис Хаџи, синот на легендата на романскиот фудбал Георге Хаџи, да не „расплаче“ и да донесе 3:2 победа на Романија на стартот на квалификациите за Светското првенство во Катар во 2022 година.
Илија Несторовски прво имаше неверојатно двојно промашување на стартот на мечот, а потоа Флорин Танасе не „казни“ во 23. минута за Романците да поведат со 1:0. До крајот на полувремето свои неискористени шанси имаа и Енис Барди и Горан Пандев, за на стартот на второто полувреме во 50. минута, замената Валентин Михаила да постигне фантастичен гол од огромна далечина за 2:0.
Тогаш следуваше драматичната завршница на мечот – Аријан Адеми прво во 82. минута намали на 2:1, пред веќе следната минута Енис Барди фантастично да му асистира на Александар Трајковски за израмнување. Но, наместо да одиме на голема победа, по една лоша реакција на целата наша одбрана, фудбалерот на Ренџерс, Хаџи успеа да го совлада Димитриевски за незаслужен пораз.
Во другите мечеви од нашата група, Германија доминантно со 3:0 го совлада Исланд со фуриозен почеток – Леон Горецка постигна гол во 3. минута, за Каи Хаверц само четири минути подоцна да зголеми на 2:0. Фантастичниот Илкај Гундоган во 56. минута зголеми на 3:0 и покажа дека и покрај „кризата“ кај „маншафт“ тие се апсолутниот фаворит во нашата група.
За момците на селекторот Игор Ангеловски нема време за одмор – за три дена во Скопје гостува аутсајдерот Лихтенштајн.
СП 2022, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА И
Романија – Македонија 3:2
Германија – Исланд 3:0
Лихтенштајн – Ерменија 0:1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Честото пиење алкохол носи поголеми опасности од мозочните удари
-

Бројот на жртви од Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, истрагата откри сериозни пропусти
-

Царинска управа: Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми | ФОТО
-

Претрес во Гевгелија, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице
-

Тракторист загина во несреќа во кавадаречко
-

Спасовски: Резултатот на СДСМ е дно
-

Трамп и Орбан ќе се сретнат во Белата куќа, руската нафта и билатералната соработка меѓу темите
-

Ја намамил жртвата во својот автомобил, ја однел на локација, па со друго лице му пукале во глава - расветлено убиството во Чашка
