Романец под истрага затоа што намерно се изложил на ризик од корона вирус
Претседателот на романскиот Црвен крст Виорел Катарама е под истрага затоа што намерно се изложил на ризик од зараза со корона вирусот за да докаже дека е бесмислено да се воведуваат рестриктивни мерки во земјата.
Катарама прегрнал маж кој имал Ковид-19 во градот Барбулести, кршејќи го правилото за контрола на ширењето на епидемијата, објави канцеларијата на државниот обвинител.
Овој 65-годишник се обиде да докаже дека мерките на социјално дистанцирање се непотребни и дека само прават штета на економијата.
„Длабоко сум уверен дека ништо нема да ми се случи“, напиша Катарама на Фејсбук. Напиша и дека сакал да докаже дека „голема грешка било што Романија ќе се доведе до банкрот и што се укинати темелните права и слободи“.
„Порано или подоцна оние кои се виновни ќе мора да одговараат за тоа“, вели тој.
Романскиот Црвен крст, но и сопругата на Катарама која е докторка го критикуваа неговиот потег. Не е познато дали тој се заразил со Ковид-19.
Во Романија до сега од новиот вирус починаа 926 луѓе, а заразени се нешто повеќе од 15.000. Земјата има околу 18 милиони жители.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот