Романците најзаинтересирани за зимски туризам во Македонија

Посетителите и тур операторите од Романија на Саемот за туризам во Букурешт покажаа интерес за посета на Македонија имајќи ја предвид близината на двете земји и предноста што ја даваат на патувања со своето семејство во автомобил.
Ова, според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, ја иницира богатата понуда на романските тур оператори за пакети во кои има вклучено и изнајмување автомобил во конкретната дестинација, додека пак повозрасните туристи најмногу ги избираат групните патувања во автобус.
Тур операторите кои веќе ја имаат вклучено Македонија во нивните продажни каталози детектираат интерес кај Романците за неколкудневни зимски туризам за Македонија и Балканот, а тој интерес е најсилен во почетокот на декември.
Претставници на АППТ на овој саем за туризам остварија бројни средби со медиуми и романски тур-оператори меѓу кои и Gama travel, Geea turism, Icar travel, Vikingul saltaret, Meitner turs, HTS travel, paralela 45 turism и така натаму.
Саемот, како што информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија, се одржа од 12 до 15 ноември 2016 година, на кој учествуваа 223 излагачи кои својата понуда ја презентираа по 36-ти пат.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
