Фудбал
26. April 2016 - 0:12

Рома му ја обезбеди титулата на Јуве

Фудбалерите на Рома, во дербито на 35.коло во Серија А, славеа над Наполи 1:0 и му овозможија на Јувентус и матаметички да ја обезбеди титулата.

Рома го победи Наполи со голот на Раџа Наинголан постигнат во претпоследната минута од натпреварот. Со оваа победа Јувентус на чело на табелата стекна недостижна предност од 12 бодови, додека Рома се вклучи во трката за директен пласман во Лигата на шампионите.

Наполи е втор зад Јувентус со 73 бодови, додека Рома има два бода помалку.