Фудбал
23. March 2020 - 15:55

Рокот за лиценцирање за евро-куповите ФФМ го помести 30 април

 
 
Одделението за лиценцирање при Фудбалска федерација на Македонија, а во врска со постапката и главниот процес за лиценцирање на клубови за добивање на УЕФА Лиценца за учество во натпреварувања во организација на УЕФА за сезона 2020/21 и во врска со известувањето од Одделот за лиценцирање на УЕФА, ја дава следната информација:
 
Во врска со новонастанатата ситуација со пандемијата на вирусот КОВИД-19, како и последиците од таа ситуација, одделот за лиценцирање на УЕФА донесе одлука која се однесува на рокот за доставување на документација за исполнување на финансискиот критериум за клубовите кои аплицираа за УЕФА клупска лиценца за сезона 2020/21:
 
“Рокот за достава на документацијата за исполнување на финансискиот критериум се поместува за 30. април 2020 година.“
 
За оваа промена, Одделението за лиценцирање на ФФМ веднаш ги извести клубовите -апликанти за УЕФА клупска лиценца и им даде до знаење дека рокот е поместен.
 
Во исто време одделот за лиценцирање на УЕФА даде и појаснување на оваа одлука во која има две под-точки, за кои исто така клубовите апликанти се веднаш известени:
 
-  Составот на документи кои треба да се достават за исполнување на овој критериум останува непроменет и е согласно претходно утврдениот список кои клубовите веќе го имаат добиено од своите национални асоцијации. ФФМ Правилник за лиценцирање на клубови за учество во натпреварувања во организација на УЕФА - верзија 8
 
-  Моменталната ситуација на влијае на исполнување на условите од финансискиот критериум бидејки во документацијата се доставуваат ревидирани извештаи и дополнителна документација која се однесува на фискална 2019 година, односно за обврски на клубовите кои доспеваат заклучно со 31.12.2019.
 
За секое дополнително прашање во врска со оваа одлука на УЕФА за поместување на рокот за достава на документација, одделението за лиценцирање на ФФМ стои на располагање.