Ројтерс: Астон Мартин ќе гради фабрика во Македонија
Раководството на британскиот автомобилски произведувач Aston Martin ја разгледува Македонија како можна дестинација за изградба на нова фабрика, извести „Ројтерс“.
Британската компанија пред неколку месеци направила листа од 19 потенцијални дестинации за изградба на нова фабрика, по што во потесен избор влегле две локации на Островот, една во американската сојузна држава Алабама и една на Блискиот исток, соопштено е во декември.
Меѓутоа, во последните неколку недели Македонија, како наведува „Ројтерс“, доставила подобра понуда на британскиот произведувач, кој од порано прецизирал дека секоја потенцијална финансиска поддршка ќе биде важен фактор при изборот.
„Македонија е најновиот кандидат, кој пред тоа беше отфрлен“, се наведува во изворот.
Висок функционер на владата во Скопје, кој не сакал да биде именуван, потврдил дека земјава е во трка.
„Направивме добра понуда“, биле неговите штури зборови, не прецизирајќи никакви поединости.
Aston Martin планира да го зголеми обемот на производство на околу 15.000 единици до крајот на деценијата и да го произведува својот DBX кросовер во нова фабрика.
Овдешната влада и британскиот произведувач одбиле да дадат коментар за „Ројтерс“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува
-
Камерите ќе го зголемат бројот на казни за сообраќајни прекршоци
-
Тротоарите во Скопје непроодни од ѓубре, Општина Аеродром и Градот поднесоа кривични пријави
-
Граѓаните бараат решение за Вардариште пред изборите – вчера повторно запалена депонија близу Арачиново
-
Резолуцијата на Филипче ќе добие конкретни забелешки од Владата по изборите