Рохани: Израел не е легитимна држава, па затоа Иран нема дипломатски односи со неа

Во својата сегашна форма Израел не е легитимна држава и затоа Иран нема односи со оваа држава, изјави иранскиот претседател Хасан Рохани во интервју за француската телевизија „Франс 2“, пренесува БТА.
-Ние мислиме дека сите луѓе од палестинско потекло, кои скитаат низ светот, треба да можат да се вратат на својата земја. Треба да има избори под надзор на ОН и какви и да се резултатите ние ќе ги прифатиме, рече Рохани.
Водителот на интервјуто го повика иранскиот претседател да дообјасни што има предвид со кажано на што Рохани изјави дека треба да се оддржат избори на целата палестинска територија од пред 1948 година (годината кога е формиран Израел).
-Сите евреи, муслимани и христијани, и сите луѓе кои се по род од Палестина, треба да можат да се вратат во Палестина, продолжи тој.
Околу Сирија Рохани изјави дека излезот од кризата не се врти околу судбината на Башар ал-Асад, туку околу неопходноста од силна држава, која ќе се бори со тероризмот.
Колку и да се дебатира за личноста која ќе ја има задачата да ја води земјата, „се е во рацете на Сиријците’, рече иранскиот претседател.
Ново на Сител
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Кралот на Норвешка, Харалд хоспитализиран во Шпанија
-

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите
-

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија
-

Трамп: Никогаш нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје
