Рогозин: Русија најверојатно нема да учествува во вселенската станица Гејтвеј
Русија најверојатно нема да учествува во планираната станица во орбитата на Месечината од страна на САД, објави шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
Тој истакна дека предложената вселенска станица Гејтвеј е „премногу американско-центристична“. Рогозин додаде дека Русија веројатно ќе се воздржи од учество во големи размери.
На 71-от Меѓународен астронаутски конгрес, шефот на Роскосмос ја опиша Меѓународната вселенска станица како „вистински меѓународен проект“, изграден од САД и Русија. Од 2000 година, на станицата постојано има руски и американски астронаути. Европа, Канада и Јапонија исто така учествуваат во меѓународниот проект.
Меѓународната вселенска станица спречи нагло влошување на политичките односи меѓу Москва и Вашингтон, при што Роскосмос и НАСА работеа „рака под рака“ на станицата. Американските астронаути користат руски ракети за патување до станицата од 2011 година.
Но, НАСА еднострано започна програма за истражување на Месечината без претходни консултации со Русија и други партнери.
Гејтвеј беше објавена од американскиот претседател Доналд Трамп како дел од плановите за враќање на американските астронаути на Месечината во 2024 година – првпат од 1972 година – како дел од програмата Артемис.
НАСА уверува дека проектот е меѓународна соработка и сака и другите земји да учествуваат по пристапувањето на Канада, Јапонија и Италија.
Сепак, Рогозин не ја исклучи можноста за идна соработка. Тој истакна дека Русија поддржува „стандардизација на интерфејсите“, што може да дозволи руски брод да се закотви на станицата.
– Летот кон Месечината е со висок ризик … затоа треба да имаме најмалку два транспортни системи, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите
-
Јавниот долг на најниско ниво во последните 5 години
-
Македонија падна за шест места на Индексот за слобода на медиумите
-
Протест на вработените во Зоолошка градина - Тврдат дека немаат земено плата за март, останале и без здравствено осигурување
-
Преглед на вестите од светот